ИРАН ОБЈАВИ СНИМКА ОД РУШЕЊЕТО НА АМЕРИКАНСКИОТ ДРОН: Ова е доказ дека леташе над нашата територија! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Односите помеѓу САД и Иран после рушењето на американскиот дрон од страна на Иран станаа уште полоши.

Командантот на иранската револуционерна гарда Хосеин Салами изјави дека со рушењето на американското беспилотно летено е испратена „јасна порака“ до САД.

Салами додаде дека Иран нема намера да војува со ниту една земја, но дека се „подготвени за војна“.

Во меѓувреме, Техеран објави и снимка од рушењето на дронот, како и од неговото движење.

Според информациите, дронот се приближил до иранскиот воздушен простор за да шпионира.

Претседателот  на САД, Доналд Трамп, денеска иранското соборување на дронот го категоризираше како „голема грешка“ на Иран.

Вашингтон тврди дека соборувањето на американскиот дрон се случило во меѓународен воздушен простор, а од Техеран тврдат дека тоа се случило нас територијата на Иран.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот