Интерконтинентални летови најверојатно ќе има дури во четвртото тримесечје

-Финансиски, оваа година ќе биде најлоша во историјата на авијацијата, кога просечно имаме дневни загуби од 230 милиони долари во индустријата, изјави првиот човек на ИАТА.

Интерконтиненталните летови за обичните патници најверојатно нема да се обновот до крајот на годинава, изјави денеска за Си ен би си Александар де Жунјак, прв човек на Меѓународно здружение за воздушен превоз (ИАТА) .

Притоа, тој изјави дека до само пред еден месец најголем дел од светските авиопревозници гледале со голем песимизам за својата иднина и компаниите не планирале брза обнова на летовите.

Но во изминативе две недели со отварањето на економиите, расположението кај европските и американките авиокомпании станало пооптимистично и сега тие планираат побрза обнова на воздушниот транспорт.

Според Жунјак, летови на поблиски растојанија, како оние меѓу европските градови, се можни уште ова лето, но, како што додава „за интерконтиненталните летови највеојатно ќе треба да се почека до четвртото тримесечје”.

ИАТА синоќа објави уште една прогноза за воздухопловна индустрија за оваа година во која се укажува дека поради пандемијата, загубите на авиопревозниците во 2020 година ќе бидат 84.3 милијарди долари.

-Финансиски, оваа година ќе биде најлоша во историјата на авијацијата, кога просечно имаме дневни загуби од 230 милиони долари во индустријата, изјави првиот човек на ИАТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот