Интересни секс идеи со кои повторно ќе ја разгорите страста во спалната соба – Слободен печат
ЕспресоСекс

Интересни секс идеи со кои повторно ќе ја разгорите страста во спалната соба

Во продолжение прочитајте неколку интересни секс идеи, кои дефинитивно мора да ги пробате со вашиот партнер.

Работите некогаш знаат да станат монотони доколку со вашиот партнер сте во подолга врска или брак. Како што ги поминувате и доживувате првите работи со партнерот, така чувствувате поголема потреба за промена и нешто ново.

Поради многуте обрски во животот многу често се случува да заборавите на интимниот живот со партнерот. А, експертите советуваат дека најсреќните двојки се оние кои имаат сексуални односи барем еднаш неделно.

Па така, доколку сакате да го одржите пламенот во вашата врска, бидете креативни, особено кога е во прашање сексуалната игра.

Во продолжение прочитајте неколку интересни секс идеи, кои дефинитивно мора да ги пробате со вашиот партнер.

Бидете во еротско расположение

Доколку сметате дека филмовите за возрасни не се добра идеја, обидете се со читање на еротски романчиња. Почнете да читате на глас полека и нежно доближувајте се до вашиот партнер. Задоволството е загарантирано.

Додадете храна

Без разлика дали станува збор за чоколадо, мед, шлаг или некој тип на овошје, едно е сигурно – сексуалната предигра во комбинација со слатки додатоци дефинитивно ќе ги разбуди вашите сетила.

Играјте покер на соблекување

Дали е потребно да кажеме нешто повеќе? Загарантирано – на крајот на оваа игра секој победува.

Пробајте се освен секс

Искушението е можеби и најдобриот афродизијак. Доволно е само да се потсетите на почетокот на вашата врска и на периодот кога едноставно сакавте предиграта да не заврши. Колку повеќе се воздржувате, толку повеќе ќе уживате.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close