Интер подготвува трансфер бомба, доаѓа еден од најдобрите стрелци во историјата на Премиер лигата

фото: твитер

„Нероаѕурите“ веќе обезбедија финансиски средства за реализација за трансферот.

Најавата дека Ерлинг Халанд наредното лето ќе си замине од Борусија Дортмунд би можел да покрене вистински домино ефект во фудбалот.

Шпанскиот „Дон Балон“ вчера објави дека Реал Мадрид не е фаворит за потписот со младиот Норвежанец, туку Манчестер сити кој планира да понуди дури 100 милиони евра, 30 милиони евра повеќе отколку што изнесува откупната клаузула за од наредното лето Халанд да го облече дресот на „граѓаните“.

За тоа колку сакаат Халанд да се пресели во „синиот“ дел од Манчестер, најдобро зборува податокот дека „граѓаните“ се подготвени да се откажат од најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, кој не е Англичанец, Серхио Агуеро.
Како следна негова дестинација се споменува Серија А и екипата на Интер која веќе обезбеди финансиски средства за трансферот.

Директорот Бепе Марота има план, ќе му понуди двегодишен договор на Агуеро кој во Интер би имал плата помеѓу седум и осум милиони евра, со можност соработката да се продолжи на уште три години.
Евентуалното доаѓање на Агуеро во Интер ќе значи и продажба на аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез. „Нероаѕурите“ се подготвени да го продадат Мартинез за не помалку од 90 милиони евра, а голем интерес за неговите услуги постои кај Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот