Интер не се откажува: Марсело Брозовиќ за Погба!?

twitter.com/MirrorFootball

Интер е подготвен да го пушти Хрватот на „Олд Трафорд“, а на „Џузепе Меаца“ дојде Пол Погба кој повторно би соработувал со тренерот Антонио Конте.

Играчот за врска на „неро-аѕурите“ е еден од најбараните играчи во Европа, откако за неговите услуги интерес покажуваат уште екипите на Реал Мадрид и Ливерпул.

Ситуацијата со Марсело Брозовиќ ја следи и Манчестер јунајтед, овој 27-годишен играч од средниот ред се проценува на 60 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Интер е подготвен да го пушти Хрватот на „Олд Трафорд“, а на „Џузепе Меаца“ дојде Пол Погба кој повторно би соработувал со тренерот Антонио Конте.

Французинот ги имаше најдобрите партии токму со Конте во Јувентус кога стекна „билет“ за враќање во Јунајтед за тогаш рекордни 110 милиони. Според „Гаѕета дело Спорт“ за потписот на Погба се и Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ.

Доколку ПСЖ и Баерн Минхен ги искористат опциите за откуп на Мауро Икарди и Иван Перишиќ, во тој случај миланската екипа би имала скоро 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот