Интер ангажираше италијански репрезентативец

Екипата на Интер продолжува да се засилува пред стартот на подготовките за идната сезона во која ќе се обидат да ја прекинат доминацијата на Јувентус во Серија А.

Последно засилување на тренерот Антонио Конте е италијанскиот репрезентативец кој настапува за Калјари, Николо Барела и тоа за сума од 45 милиони евра, објави „Скај Италија“.

По неколкунеделни преговори, двете екипи се согласија за сумата но сега останува да се договорат за начинот на исплата на споменатата сума.
Николо Барела се смета за еден од најдобрите млади италијански фудбалери. Иако има само 22 години, Барела веќе има повеќе од 100 настапи во Серија А на кои постигна седум голови и има уште пет асистенции.

Освен Интер, голем интерес за услугите на Барела пројавија и екипите на Јувентус, Рома, Наполи и Милан, но пресуди желбата на младиот фудбалер да го облече дресот на „нероаѕурите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот