Инфлацијата во еврозоната останува на ниво од 1,2%

Инфлација, илустрација / Фото: МИА

Инфлацијата во еврозоната останува непроменета во јуни, далеку под целта на Европската централна банка, објави Блумберг, цитирајќи ги прелиминарните податоци на Еуростат.

Стапката на раст од 1,2% овој месец е во согласност со прогнозите на економистите. Основната инфлација се забрза на 1,1%. Целта на ЕЦБ е да ја врати инфлацијата назад на само 2% на среден рок.

Ниската инфлација и ризиците поврзани со светската трговија ја натераа ЕЦБ да почне да размислува за воведување повеќе мотиви за економијата. Гувернерот на Централната банка Марио Драги минатата недела изјави дека банкарите ќе преземат акција ако изгледите не се подобрат. Ова ги зголеми шпекулациите дека каматните стапки ќе бидат намалени до рекордно ниско ниво.

Следниот состанок на ЕЦБ е закажан за 25-ти јули. Во последниве месеци, централните банкари ширум светот се фокусираа на монетарната политика насочена кон стимулирање на економијата. Федералните резерви се очекува да ги намалат каматните стапки оваа година, додека земјите како што се Австралија, Русија, Индија и Чиле веќе го направија ваквиот потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот