Индиски студенти групно силувале девојка и чинот го снимале и објавиле на социјалните мрежи

Фото: EPA/EFE / илустрација

Петмина студенти се уапсени заради наводно киднапирање и силување на 19-годишна девојка, откако видео снимката на злоставувањето на младата жена ја постирале, пишува весникот „Индипендент”.

Инцидентот се случил пред неколку месеци во индискиот округ Дакшин Канада, но за него се дознало дури во последните неколку недели, откако снимката на силување се појавила на социјалните мрежи.

Младата девојка на полицијата и раскажала како петмината млади мажи ја грабнале, како со автомобил ја однеле во пошумено и задскриено место и како редоследно ја силувале. Не била свесна дека притоа и ја снимале.

-Жртвата во својата тужба навела дека обвинетите ја однеле на напуштено место и дека таму групно ја силувале. Објаснила дека тие меѓусебно се познавале и дека доаѓале од ист факултет, изјави полицаецот Лакшми Прасад, кој додал дека за инцидентот се дознало кога видео снимката од чинот на силување се појавила на  WhatsApp.

„Ни кажа и дека подоцна силувачите и се заканувале со објавување на видео снимката од чинот на силување, па од тие причини таа поднела тужба дури откако снимката станала вирална, објасни полицаецот Прасад. 

Силувањата се меѓу најчестите злосторства во Индија, а проценките се дека 90 до 95 отсто од случаите на силување остануваат непријавени.
Стапката на осудени за кривичните дела сторени врз жени во Индија е исклучително ниска, или само 18,9 отсто, додека просечната стапка на осудени за сите видови злосторства изнесува околу 47 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот