Инцидент во луна парк во Шпанија: Повредени повеќе од 28 лица, поголемиот дел се деца – Слободен печат
ВестиПланета

Инцидент во луна парк во Шпанија: Повредени повеќе од 28 лица, поголемиот дел се деца

Општинските служби за итни случаи во Севиља објавија дека девет повредени биле пренесени во локалните болници.

Според информациите на шпанските власти, околу 28 лица, од кои повеќето се деца, се здобиле со повреди во инцидент кој се случил во луна парк во близина на Севиља.

Според тамошните медиуми, вртелешката во паркот пукнала и се распарчила на два дела, пренесе агенцијата АП.

„Дејли мејл“ пренесе изјави на очевидци според кои целиот настан потсетувал на сцени од хорор филм, откако се распарчил системот за поддршка на вртелешката, по што оние кои биле на неа паднале на земја, приклештени од големата метална конструкција.

Општинските служби за итни случаи во Севиља објавија дека девет повредени биле пренесени во локалните болници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close