Имотите во Германија продолжуваат да поскапуваат

Куќите и становите во Германија стануваат сè поскапи – како во урбаните области, така и во руралните. Ова се бројките кои ги објави денес Федералниот завод за статистика.

Во вториот квартал од годината, цените на недвижностите се зголемија во просек за 5,2 проценти во однос на истиот период лани. Особено силен е растот во седумте најголеми германски градови.

Во Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Дизелдорф, цените на куќите за една или две семејства се зголемија за 10% и становите за 8,6%.

Цените на недвижностите се зголемија и во помалку населените рурални области, при што цените на становите и куќите се зголемуваат во просек за 4,2 проценти.

Историски ниските каматни стапки доведоа до бум во побарувачката на имоти во Германија во последните години, што доведе до зголемување на цените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот