ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОРОЦИТЕ: Ѕвездата од „Мелроуз плејс“ повторно во болница

хедер локлир „мелроуз плејс“
Фото Профимедиа

Актерката Хедер Локлир, позната по својата улога во „Мелроуз плејс“ повторно е на рехабилитација, откако пред шест месеци излезе поради лечење од алкохолизам.

Но, таа не престанала да пие, особено поради тоа што се соочува со ментално растројство, а алкохолот и лековите ѝ помагаат да заборави на притисоците. Сепак, сфатила дека решението не е во тоа, па повторно побарала медицинска помош.

Локлир моментално нема никаков актерски ангажман, нешто што би ѝ го одвлекло вниманието, а поради тоа ѝ страда семејството, особено ќерката Ава. Отказ дал дури и нејзиниот тим за односи со јавноста.

Ѕвездата на „Мелроуз плејс“ и „Династија“ еднаш веќе беше хоспитализирана поради мешање лекови и алкохол. Пред две години имаше и нервен слом. Тогаш беше приклучена присилно на програма за одвикнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот