Илон Маск и Том Круз ќе снимаат филм во вселната! Возможна или невозможна мисија?

На интернет почнаа да се шират гласини дека Илон Маск и Том Круз се подготвуваат за снимање филм во вселената, во соработка со НАСА.

Иако тоа моментално изгледа како невозможна мисија, филмот би требало да се снима во внатрешноста на вселенската капсула Space X – „Crew Dragon“.

Иако сè уште ниту едно филмско студио не е дел од тој проект, луѓето што се запознаени со ситуацијата, велат дека проектот е реален, но сè уште е во рана фаза на реализација, така што сигурно треба да помине долго време додека идејата не почне да се реализира – секако секогаш постои простор и за откажување.

Моментално нема други познати детали околу тоа, но медиумите што ја пренесоа оваа вест, нагласуваат дека ако некој навистина би сакал да придонесе во една таква мисија, тогаш тоа сигурно би бил Том Круз, кој во претходните филмски остварувања ги покажа своите каскадерски способности, снимајќи ризични и опасни сцени.

Тешко е да се замисли дека целиот филм би се снимил во една мала капсула, па можеме да претпоставиме дека во вселената би се снимил само еден краток дел од целиот филм, но и тоа би било доволно за Том Круз засекогаш да влезе во легендите на „Холивуд“.

Медиумите досега ги исконтактирале сите страни кои што треба да учествуваат во овој проект, но досега никој од нив не се огласил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот