Илон Маск го освојува вонземскиот рекламен простор

илон маск спејс икс реклама
Илон Маск/ ФОТО: EPA-EFE/BRITTA PEDERSEN / POOL

На ракетите, сателитите и милијардерите во вселената ќе им се придружат и рекламите.

„Геометриска енергетска корпорација“ (GEC), канадски стартап кој обезбедува технолошки услуги, ексклузивно за „Инсајдер“ изјави дека ќе овозможува рекламирање на вселената со помош на „Спејс-Икс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SpaceX (@spacex)

Самуел Рид, извршен директор и ко-основач на „GEC“, рече дека компанијата е во процес на изградба на сателит, наречен „CubeSat“. „Едната страна на сателитот ќе има пикселиран екран на кој ќе се појават рекламите, логоата и уметност“, рекол Рид.

Компанијата планира да го прикачи „CubeSat“ на ракетата „Спејс-Икс Фалкон 9“, која ќе го однесе во орбитата и ќе го пушти пред ракетата да стигне до Месечината.

„Откако ќе се најде во орбитата, селфи-стик прикачен на страната на „CubeSat“ ќе го снима екранот. Оваа снимка ќе се пренесува во живо на „Јутјуб“ или „Твич“, така што секој може да се вклучи и да го гледа екранот на сателитот“, рече Рид.

ФОТО: Спејс Икс ја состави најмоќната ракета во историјата – потоа ја раздвои

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот