ФОТО: Спејс Икс ја состави најмоќната ракета во историјата – потоа ја раздвои

Фото: Twitter/Elon Musk

Американската компанија Спејс Икс ја состави досега најголемата ракета, јави Би Би Си. Двата сегменти на ракетата – горниот Старшип и долниот погонски Супер Хеви – се споени во постројката на Сејс Икс во Боца Чици во Тексас.

Поради висината од околу 120 метри сите претходни ракетни системи во однос на овој се чинат џуџести.

Кога конечно ќе полета, ќе произведе двојно поголем притисок од ракетата со која беа испратени луѓе на Марс.

За спојување на двата сегменти била потребна масивна дигалка. Задржани се во таа положба еден час, а потоа се раздвоени.

Спејс Икс има уште неколку недели, односно месеци тестирање пред првиот лет, можно до крајот на 2021 година. извршниот директор на компанијата Илон Маск спојувањето на ракетата го нарече „сон кој стана јаве“.

Вели дека Старшип, тогаш кога ќе се доврши, ќе биде способен да ги одведе луѓето на Месечината и на Марс. Исто така би можел брзо да превезува и луѓе околу светот, а уште една очигледна намера е поставување сателити во орбитата.

Моментално најсилна ракета во употреба е Фалкон Хеви, исто така развиена од страна на Спејс Икс. Фалкон Хеви при лансирањето произведува потисок од 23 мегањутни, а новата ракета Супер Хеви би требало да достигне околу 70 мегањутни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот