Илија Несторовски меѓу играчите кои летово го напуштија Удинезе

фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Италијанските медиуми пренесуваат дека македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски летово се раздели со Удинезе чии бои ги бранеше четири години.

Засега нема потврда од клубот кој денеска играше пријателски натпревар против Ал Рајан и славеше со 2:1 против тимот од Катар.

Покрај Несторовски во овој преоден рок, клубот од Удине го напуштија и капитенот Перејра, Удоџи, Мартинс, Арслан, Зегелар и Бенковиќ. Се спомнува и заминување на српскиот интернационалец Самарџиќ кој е пред трансфер во Интер.

Во текот на минатата сезона во Серија А нашиот 33-годишен напаѓач Несторовски имаше два голови во 21 настап.

Во клупската кариера беше дел и Палермо, Интер Запрешиќ, скопски Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот