ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да преговара за составување Влада

Фото: Архива на „Слободен печат“

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот Комитет прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори. На седницата се дискутираше за актуелната општествено политичка состојба и последните избори кои се реализираа.

-Извршниот Комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната Изборна Комисија кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот Суд. Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во најголем број на општини, и воедно издејствува поголем број на мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА- стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, велат оттаму, даде насока да се изготви темелна анализа за резултатите од изборите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека загрижува економската криза  во државата која секој ден е се полоша и за која треба активни мерки кои истата да се надмине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот