Играчите се исплашени, имаат семејства и деца

фото: твитер

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, изјави дека голем број на фудбалери се исплашени поради евентуалното враќање на тренинзите за време на пандемијата на коронавирусот.

Идејата на челниците на Премиер лигата и на британската Влада преку „Проект рестарт“ е сезоната да продолжи на 8. јуни, а фудбалерите би започнале со тренинзи од 18. мај.

Оваа идеја денеска повторно ќе се разгледува на состанокот на клубовите со Премиер лигата, но ѕвездата на Манчестер сити има поинаков став.

– Голем број на фудбалери се исплашени бидејќи имаат семејства и деца. Се плашам, но тука сум со својата девојка и нема да имам контакт со други луѓе. Заклучен сум во својата куќа и единствен кој што можам да го заразам е мојата девојка. Велат дека постојат позитивни на ковид-19 кои немаат никакви симптоми и несвесно го шират вирусот. Затоа и се изолирав, можеби имам вирус, а да не знам – изјави Агуеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот