Иџе ќе стартува од четвртото место на патеката „Монца“

Фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Завршија квалификациите за првата трка од ТЦР Италија шампионатот, македонскиот автомобилист Игор Стефановски имаше четврти најдобар резултат.

Нашиот Иџе со својот Хјундаи i30 N TCR имаше време 2:02.704, пред него беа само тројцата Италијанци Ерик Бриљадори, Матео Полони и Салваторе Тавано. Покрај Италија и Македонија, за оваа трка во Монца има и натпреварувачи од Финска, Русија, Чешка и Естонија.

Иџе по квалификациите кажа дека постоеле едни интересни услови, патеката „Монца“ беше влажна, додавајќи дека проблематични се оние моменти кога немате направено доволно тестови, бидејќи ова е прво појавување на тркачка патека, поточно после шест месеци.

– Задоволен сум, прилично добра работа направи мојот тим. Стартуваме од четвртата позиција, оваа година ме радува што се жестоки возачите на ова првенство, со најдобрите шампиони, ме радува што уште од почеток им покажавме кои сме и од каде доаѓаме.

Се надевам на добар старт в сабота, ви благодарам за поддршката, сите тие пораки ни значат многу на нашиот тим. Тука дојдени во една голема држава, со големи тимови, буџети. Бидете со нас, се надевам дека ќе се претставиме во добро светло, да се качам на пиедесталот – рече Стефановски.

Се очекува првата трка в сабота да биде од 13.35 часот, а втората трка в недела од 10.05 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот