„Идејата дека Хрватска треба да го блокира европскиот пат на Србија е самоубиствена и глупава“

Фото: EPA/PETER FOLEY

„Ова прашање во Хрватска е за интерна употреба, некои сили можат да го користат, па дури и на избори во рамките на една партија, во ХДЗ, на пример. Но, сериозно, тоа е чиста глупост. Хрватска мора да се обиде пред тоа да ги реши билатералните односи и една од овие земји да влезе во ЕУ, а тоа може да се направи доколку имате релативно пристојни односи“, рече Пусиќ.

Поранешната шефица на хрватската дипломатија Весна Пусиќ оцени дека идејата Хрватска да треба да ја блокира Србија на европскиот пат е „самоубиствена и глупава“.

Пусиќ оценува дека доколку во ЕУ постои критична политичка маса подготвена да тргне напред, Хрватска само ќе ги влоши односите со соседите.

Таа ова го кажа во интервју за „Јуропиан вестерн Балканс“ (ЕВБ) и додаде дека Хрватска со тоа уште повеќе самата ќе се ископлицира.

– Ова прашање во Хрватска е за интерна употреба, некои сили можат да го користат, па дури и на избори во рамките на една партија, во ХДЗ, на пример. Но, сериозно, тоа е чиста глупост. Хрватска мора да се обиде пред тоа да ги реши билатералните односи и една од овие земји да влезе во ЕУ, а тоа може да се направи доколку имате релативно пристојни односи – рече Пусиќ.

Според неа, единствен начин на кој тоа може да се почне е доколку постојат барем малку пристојни односи и одредено количество доверба, бидејќи доколку не постои можете да работите што и да посакате, но ништо нема да се постигне.

-Значи, мора да постои некој вид дамско согласување – рече Пусиќ.

Таа додаде дека доколку паметно одигра Хрватска може да има значајна и позитивна улога во проширувањето на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот