Ибрахимовиќ ужива на одмор и ја исмева Англија! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/инстаграм

После фантастичната полусезона во дресот на Милан во која постигна 11 голови и докажа дека и на 38-годишна возраст и натаму е еден од најдобрите напаѓачи во светот, Швеѓанецот се почести со годишен одмор каков што и заслужува.

Како што информираат странските медиуми, Златан Ибрахимовиќ овие денови ужива во францускиот Ст. Тропе, а во текот на одморот секоја можност ја користи да сними видео или направи фотографија за Инстаграм.

View this post on Instagram

God Save the Queen

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Играчот на „росонерите“ денеска објави видео во кое се гледа како изведува нешто што е многу тешко да се направи во вода.

Во прашање се популарните „ножички“ за во таква ситуација е потребна значителна сила во нозете.

Популарниот „Ибракадабра“ на тој се потсети на неверојатните „ножички“ кои ги имаше во победата на Шведска против Англија (4:2) пред осум години во пријателски и на својата најнова објава напиша: „Боже, чувај ја Кралицата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот