Ибрахимовиќ со својата изјава ги налути навивачите на Интер! (ВИДЕО)

фото: твитер

Искусниот Швеѓанец мисли дека тимот на Антонио Конте не е доволно квалитетен да се најде на тронот сезонава во италијанската Серија А.

И со своите 38 години шведскиот напаѓач покажува дека и натаму е во одлична форма и со право е еден од најдобрите фудбалери на светот. Златан Ибрахимовиќ реализираше и асистираше во неделата во градското дерби од Серија А меѓу Интер и неговиот Милан на „Џузепе Меаца“.

Но, тоа не беше доволно за победа на „росонерите“, односно во вториот дел „неро-аѕурите“ направија комплетен пресврт и славеа со 4:2.

Со овие три бода Интер повторно е на првото место на табелата со ист број на бодови како и Јувентус, а во трката за шампионската титула се најде и Лацио.

Интер дефинитивно ќе се бори за „Скудетото“ до крајот на сезоната, но искусниот Ибрахимовиќ мисли дека тимот на Антонио Конте не е доволно квалитетен да се најде на тронот.

После мечот новинарите го прашаа Швеѓанецот дали Интер може да биде шампион оваа сезона во најсилното италијанско првенство, тој кратко одговори: „Не“. Ваквиот одговор најверојатно доаѓа поради поразот на Милан во градското дерби, но со ваквата изјава сигурно ги налути навивачите на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот