Пендаровски за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ: Се надевам дека тоа ќе оди побрзо

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот Пендаровски изјави дека не е задоволен од брзината со која се движат земјите од Западен Балкан кон европското семејство, нагласувајќи дека Европа мора да биде поодлучна по тоа прашање.

Тој во интервју за Радио телевизија Црна Гора истакна дека Северна Македонија е сто процентно согласна со Црна Гора кога станува збор околу визијата за регионот, посебно во делот на европската и евроатлантската иднина.

Иако европската перспектива е единствена алтерантива, одржлива и продуктивна за целиот регион, Пендаровски го загрижува тоа што таа е замаглена во последно време, а патот кон европското семејство е бавен и неизвесен.

– Се надевам дека тоа ќе оди побрзо. Каква е тоа порака за нас, кои се уште не сме почнале со преговарање. Ако вие преговарате седум години и се уште нема светло на крајот од тунелот, тогаш што да им кажам на моите граѓани во Северна Македонија, колку ќе трае ова, 15-20 години? – наведува претседателот Пендаровски во интервјуто.

Иако се очекуваше дека Северна Македонија и Албанија ќе започнат преговори со ЕУ минатиот месец на состанокот на врвот во Луксембург, одлуката е одложена, бидејќи имало поделеност во Унијата околу тоа прашање.

– Се што побараа од нас, се исполнивме, вклучувајќи ги и тешките компромиси. Сега е ред на Европа да го исполни тоа што го вети – порача Пендаровски.

Тој нагласи дека е многу задоволен од односите и соработката со Црна Гора.

– Многу ми значи помошта која Црна Гора, сега како полноправна членка на НАТО, несебично и ја дава на Северна Македонија, која ќе стане 30-та членка на Алијансата најверојатно на почетокот на следната година – изјави Пендаровски во интервјуто за РТЦГ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот