И ТОЈ МУ ГО СВРТЕ ГРБОТ: Братот на Борис Џонсон поднесе оставка како пратеник и министер

Џо Џонсон, братот на британскиот премиер Борис Џонсон, денеска си поднесе оставка на местото пратеник во британскиот парламент и на функцијата министер за универзитети, науки, истражувања и иновации поради „непремостливи тензии“.

„Би ми била чест за девет години да го претставувам округот Орипингтон како пратеник и да служам како министер во три различни влади. Последните неколку недели сум ставен во средина да одбирам меѓу семејната лојалност и националните интереси. Во прашање е нерешлива тензија и време за другите да го прземат моето место како пратеник и министер“, напиша братот на премиерот на својот Твитер профил.

Џо Џонсон беше на чело на различни министерства во текот на својата политичка катриера во владите на Дејвид Камерун, Тереза Меј и актуелниот премиер Борис Џонсон.

Оставката на Џо Џонсон доаѓа во посебно критичен момент за британскиот премиер, кој претрпе дури два порази во парламентот.

Прво, со повеќе од 20 пратениции кои пред против и се приклучи на опозицијата во предлагање на нов закон за одложување на Брегзит, а потоа Долниот дом го одобри тој закон.

За одложувањето на Брегзит вечерва ќе се изјасни и Домот на Лордовите.

Ако ги помине двата Дома на парламентот, тогаш излегувањето на Британија ќе се помести за следната година, со што автоматски Џонсон ќе биде спречен да го спроведе Брегзит до 31 октомври без договор со блокот.

Толкувајќи ги зборовите на Џо Џонсон при поднесување на оставката, може да се заклучи дека ниту тој, како и добар дел од Конзервативната партија, не се согласува со политиката на неговиот брат во врска со Брегзит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот