И покрај пандемијата, во 2020 година раселени повеќе од 82 милиони луѓе низ светот

Гринвич Парк / Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Според „Извештајот за глобалните трендови 2020″ на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), бројот на луѓето што побегнале од војни, насилства и прогони во 2020 година, и покрај пандемијата на коронавирусот, надминал 82 милиони,  јави Анадолија.

Информацијата доаѓа во пресретн на утрешниот Светски ден на бегалците. Светскиот ден на бегалците се одбележува на 20 јуни секоја година, а почетокот на неговото одбележување датира од 4 декември 2000 година, кога била усвоена Резолуцијата 55/76 со која се означува 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците.

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди на редовниот состанок во Рим укажа на злоупотребувањето на мигрантите на рутата на илегални миграции позната како „балканска рута”.

„Бруталното и физички насилното постапување на земјите како Грција, Кипар и Хрватска е неприфатливо. Загрижени сме поради ова. Го пренесов ова прашање на релевантните земји и Комисијата на ЕУ, порача Гранди.

Тој нагласи дека би требало да постои посилна политичка волја за решавање на судирите поради кои луѓето се приморани да бегаат, пренесува Анадолија.

Според „Извештајот за глобалните трендови” објавен вчера во Женева, бројот на луѓето што побегнале од војни, насилство, прогони и кршења на човековите права се искачи на приближно 82,4 милиони во 2020 година, и покрај избувнувањето на пандемијата на Ковид-19. Оваа бројка, која на крајот на 2019 веќе беше на рекордно ниво со 79,5 милиони луѓе, минатата година се зголеми за четири отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот