И Германија ја губи контролата врз ковид-19 со нов дневен рекорд: Речиси 15.000 новозаболени за едно деноноќие

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Германија во изминатите 24 часа потврди 14.964 новозаразени случаи со коронавирус, соопшти Институтот за контрола на болести „Роберт Кох”, што претставува најголем дневен број во земјата од почетокот на пандемијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел побара состанок со премиерите на 16 германски покраини за затворање на рестораните и кафулињата, почнувајќи од 4 ноември. Тоа ќе биде последен во низата на обиди за спречување на ширењето на коронавирусот, меѓутоа планот е училиштата и градинките да останат отворени.

Меркел бара да се затворат фитнес центрите, коцкарниците и кино салите, како и театрите, операта и да забранат концерти, но продавниците да останат отворени, доколку одржуваат хигиена, како и да се ограничи бројот на присутни луѓе во затворена просторија.

Федералната Влада сака да им овозможи финансиска поддршка на компаниите кои ќе бидат на удар поради затворањата, додавајќи дека оваа програма ќе и биде презентирана на јавноста денеска попладне.

Оние што нема да ги почитуваат мерките ќе бидат казнети, но сè уште не се познати деталите за санкционирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот