И Белорусија ја нападна Украина, лансирани 4 балистички ракети

Ракетен напад/Фото: ЕПА-ЕФЕ

Украински извори тврдат дека кон руската воена акција во Украина се приклучила и Белорусија.

„Четири балистички ракети се лансирани од Белорусија врз југозападниот дел на Украина“, се наведува во соопштението објавено на Твитер налогот на Врховната Рада на Украина.

Инаку, руските сили рано утрово извршија напад од три страни на Украина, а експлозии одекнаа и во Киев.

Бомби најпрво почнаа да паѓаат врз североисточниот град Харков, но нападите потоа се проширија во централна и источна Украина.

Напади се пријавени и во градовите Одеса, Дњепар, Мариопол и Краматорск.

Путин најпрво ги најави нападот рано утрово, велејќи дека одлучил да спроведе воена операција и да ги заштити луѓето кои биле „изложени на злоставување и геноцид од режимот од Кииев веќе 8 години“.

Потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски одговри дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден и дека САД подготвува поддршка за Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот