ХУМАНИТАРЕН ПОДВИГ НА МАСК: Директорот на Тесла донираше милион долари за засадување на дрвја

Елон Маск

Директорот на „Спејс-Икс” и „Тесла”, Илон Маск подари еден милион долари на иницијативата „Тим дрвја” (#teamtrees) организирана од двајца блогери.

Тие си поставија цел и предизвик – ако достигнат 20 милиони допаѓања на Јутјуб, ќе засадат 20 милиони дрвја. Идејата брзо доби поддршка од бројни познати личности, како што е сопственикот на Твитер, Џек Дорси, кој исто така остави своја донација.

Досега, блогерите собрале близу осум милиони долари, при што најголемата сума ја подарил Маск.

Собраните средства ќе бидат употребени за засадување дрвја на сите континенти, освен на Антарктикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот