Србија пред затворање: Ситуацијата во Ниш е на раб на катастрофа

Фото: EPA-EFE/Djordje Savic

Во Ниш и натаму расте бројот на заболени со ковид-19. Од вчера тестираните 679 материјали, според податоци на Домот на здравје, позитивни резултати добиле 242 лица, а Штабот за вонредни ситуации оцени дека „епидемиолошката состојба е вонредна со закана да мине во катастрофална“.

Савиќ за ситуацијата со ковид-19 во Србија: Неповолна е, пациенти се разболуваат и по ревакцинацијата

Дека се бележи најостар раст на бројот на новозаболени во Ниш од почетокот на пандемијата, говори и градскиот Штаб за вонредни состојби. Според податоци од таму, пред 10 дена во градот имаше 100 новозаболени, бројка што вчера беше, речиси, 250.

Алармантно во Србија, драматичен скок на бројот на новозаразени, се бара полициски час

Затоа градскиот Штаб наложи затворање на автопазарот, засилена е работата на комуналната полиција и на комуналните инспектори.

Се повеќе има заразени во Јабланичкиот округ во кој во последните 24 часа се регистрирани 63 лица со позитивни резултати, а 37 од позитивните се од Лесковац.

Србија е прва во Европа по бројот на граѓани со две примени дози на анти-ковид вакцината

Странските медиуми за Србија и вакцинацијата: Луѓето тука живеат како да нема корона

Кризниот штаб во Србија алармира: Потребен е полициски час и забрана за контакти за да се намали бројот на заразени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот