Алармантно во Србија, драматичен скок на бројот на новозаразени, се бара полициски час

Фото: МИА

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 16.743 лица, од кои позитивни биле 4.157 додека 16 починале, објави српскиот Кризен штаб.

Кон: Нема алтернатива, освен воведување на вонредна состојба

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори се 168 пациенти.

Вчера во Србија беа регистрирани 3.469 позитивни од 13.268 тестирани лица, а починаа 16 лица. Според вчерашните податоци на респиратори биле 164 пациенти.

Досегашните корона рекорди се: најмногу позитивни во еден ден – 7.999, а најмногу луѓе на респиратори – 353, најмногу тестирани 22.837 и најмногу починати – 69.

Во Србија од овој викенд на сила се нови мерки – угостителските објекти и трговските центри работат само до 14 часот, додека маркетите и услужните дејности може да работат до 20 часот.

Бидејќи епидемиолошката ситуација во Србија драматично се влоши во последните денови, на вчерашната седница на Кризниот штаб, медицинскиот дел побара тотално затворање на Србија на 7 до 10 дена, но одлуката за тоа треба да се донесе во наредните денови. Тоа би барало и воведување на вонредна состојба, а покраинскиот секретар вчера напомена и полициски час.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека денеска Србија сепак е далеку од вонредна состојба.

Вучиќ: Србија не е близу до вонредна состојба

Србија и донира 5.000 вакцини против ковид-19 на БиХ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот