Хрватска: Се откажува доставата на пакети од Кина, на чекање се 250.000 пратки

фото: Принтскрин

Хрватска пошта престана да испорачува мали пакувања од Кина, каде што се појави коронавирусот, па повеќе од 250.000 нарачани пакети во моментот се во мирување.

– Иако авиокомпаниите првенствено ги прекинаа летовите заради патниците, тие не можат да стигнат и до Хрватска – појаснуваат од Хрватски пошти, во кој се наведува дека поштенските артикли од Кина до Хрватска доаѓаат исклучиво преку воздух.

Од поштата во Хрватска за прв пат објави дека добил известување од „KLM“, „Lufthansa LH“ и „Turkish Airlines“ дека тие ги прекинале летовите кон Кина за да го спречат ширењето на коронавирусот и дека тоа ќе влијае на испораката на пратките.

Ова значи дека малите пакети нарачани преку „AliExpresѕ“ од Кина нема да можат да се испорачуваат во овој момент. Од сабота до вторник, повеќе од 100.000 пакети што требаше да се испорачуваат на клиентите во Хрватска, останаа во магацини во Кина.

До крајот на оваа недела, таа бројка ќе се искачи на околу 250.000 пакувања и нема да се намали сè додека не се воспостават авио-линиите или кинеските трговци не го пренасочат превозот со контејнери.

– Околу еден милион пратки доаѓаат од Кина на месечна основа, а вкупниот број пакувања во последните години расте постојано, до 20 проценти годишно – велат од „Хрватски пошти“.

Тие изјавуваат дека ова е директна последица од растот на е-трговијата.

Надлежните во нашата земја за „Слободен печат“ изјавија дека во моментов пратките од Кина кои се нарачани преку „AliExpresѕ“ во овој момент се безбедни, а од страна на Македонски пошти тогаш ни потврдија дека пакетите се испорачуваат до сите оние кои имаат нарачано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот