Хрватска не ни помогна да играме поблиску, Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците за Мундијалот

Фото: РФМ

На пет дена пред ждрепката за Светското првенство во ракомет одредени се и шеширите, а домаќините денеска ги избраа и репрзентациите кои ќе ги пречекаат.

Посакуваше македонската јавност ко-домаќинот Хрватска да не избере и да играме во оваа земја, но Хрватите немаа таков избор, па сега би можеле да играме и во Данска или Норвешка.

Хрватска се одлучи во групата „Ц“ во Пореч да ја смести Австрија, во „Д“ (Вараждин) ќе игра Унгарија, а тие самите ќе се во групата „Х“ која ќе се игра во Загреб.

Така сега Македонија каде ќе игра ќе дознае по ждребот кој е закажан за пет дена. Ждрепката ќе ја дочекаме од третиот шешир каде што се уште: Полска, Катар, Бразили, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир, па против нив нема да може да играме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот