Хрватска летна работна дестинација за македонските граѓани

Хрватското крајбрежје летово беше дестинација на многу македонски граѓани, но не како туристичка, туку како дестинација каде работат. Мотивите и целите им се различни, но главно се задоволни од она што им е понудено, а задоволство од нивниот ангажман изразуваат и хрватските работодавци.

Кирил и Наташа се двајца меѓу многуте што ја поминуваат оваа туристичка сезона во Хрватска. Работат во ист хотел „Ла Луна” на хрватскиот остров Паг, заедно со уште неколку македонски граѓани, како и со повеќе вработени од поранешните ју-републики.

– Мотивот да барам работа надвор од мојата земја беше првенствено финансиски. Идејата беше за неколку месеци да заработам некоја сума што би ја заработила дома за една година, притоа да си ги подмирам целогодишните трошоци на факултет, вели Наташа Трајковска од Скопје.

Прочитајте и...  Таравари: ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ делат маски - Политичка влада што поскоро тоа подобро (ВИДЕО)

Наведува дека Хрватска ја одбрала како дестинација од причина што ова и е прво работно искуство во странство, а Хрватска и била доста позната бидејќи е често таму.

– Работата ја најдов со препорака преку приватни контакти од Хрватска, не сум запозната и не сум била во контакт со агенции кои посредуваат за работа во странство. Платата ми е солидна, задоволна сум со неа и е според хрватските стандарди, истакнува Трајковска.

Додава дека нашла работа во хотелот „Ла Луна”, кој се наоѓа на островот Паг, а местото се вика Јакишница (Лун). – Работам во Велнес центарот на рецепција и сум презадоволна. Планирам да останам до крајот на сезоната, а од 1 октомври почнувам со факултетот, вели таа.

Прочитајте и...  Германија предлага нов закон за отпуштање војници екстремисти

Лошите економски услови во земјава, можностите кои ги нуди работењето во странство, како и стекнувањето нови познанства, знаења и работно искуство биле причина и за Кирил да побара работа во странство, одбирајќи ја летово Хрватска, а најавува дека и следанта година би се вратил.

– Работам сезонски. Работата ми е добра, немам никакви приговори, т.е. ќе се вратам најверојатно и следната сезона тука, вели Кирил.

Открива дека работата ја нашол случајно и решил да ја прифат понудата.

– Случајно, сурфав на интернет, т.е. ми се појави оглас за работа во странство, и едноставно размислив и „ја зграпчив приликата”, вели Кирил.

И двајцата велат дека на островот е исклучително добро и има преубава природа, пејзажи, најстарата плантажа со маслинки, а исто така на само неколку километри од нив е и плажата Зрќе позната по своите музички фестивали.

Прочитајте и...  Цивил ја повика Владата да донесе целосна забрана за работа во Штип и секаде каде што тоа е потребно

Работат во друштво на вработени од Хрватска, БиХ и Србија, а проценките се дека само во Новајлија, град близу овој хотел, летово работеле над 100 Македонци.

– Вработуваме луѓе без разлика од каде се. Имаме доста од Северна Македонија, а според моите сознанија ги има во Новајлија само 100 лица. Вредни се и коректни и не се од оние кои си заминуваат, вели Мате Дедич, менаџер во хотелот „Ла Луна”.

Прочитај повеќе

Анкета: Се намалува довербата на Швеѓаните во способноста на Владата за справување со коронавирусот

Слободен печат

Уапсен маж кој се заканил со убиство на полскиот кандидат за претседател Рафал Трасковски

Слободен печат

ЕВН е должна цда изврши коригирање на сметките порача Бислимовски

Слободен печат

Рашела Мизрахи пријавила во полиција дека ја следеле и фотографирале лица со качулки

Обвинителството го предупреди Пленковиќ за вршење притисок

Слободен печат

Америка има нов план како да го стопира „Северен тек 2“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Принцот Чарлс: Имав среќа, лесно поминав со коронавирусот

Слободен печат

Заев: Издржавме и потешки моменти заедно ќе го поминеме и овој, потребно е единство и дисциплина

Слободен печат

Михајловиќ: Србија ќе изгради брза пруга од Белград до Ниш

Слободен печат

МВР: Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи, ќе може да ги реализираат наредна недела

Слободен печат

Отец Стефчо: Да не може да се оди на гробишта и во црква е изживување со народот

Мирослава Бурнс

САД воведоа рестрикции за уште 33 кинески компании

Слободен печат