Хрватска и Косово ја продлабочуваат соработката во областа на одбраната

косово
Image: 333666674, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Natanael Natanael Alfredo Nemanita Ginting / Alamy / Alamy / Profimedia

Министер за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци и неговиот колега, од Хрватска, Иван Анушиќ, кој попладнево допатува во посета на Косово, изразија подготвеност за продлабочување на соработката на двете држави во областа на одбраната, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на новинарите по билатералната средба во Министерството за одбрана на Косово, Маќедонци рече дека присуството на хрватските војници во мисијата на НАТО, КФОР, е клучно и многу важно за земјата и придонесува за зачувување и создавање безбедна средина во Косово.

– На полето на одбраната имаме одлични односи со Хрватска. Хрватска го поддржа развојот на одбранбените и безбедносните капацитети во нашата земја. Градиме и ги продлабочуваме односите на полето на одбраната со Хрватска и ја имавме поддршката од хрватската влада и хрватскиот народ во текот на целиот пат од ослободувањето и ќе ја имаме до интеграцијата во европските структури и НАТО, рече Маќедонци.

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ вели дека Хрватска ќе продолжи да го поддржува Косово и припадниците на хрватската заедница во него.

-Република Косово е пријател на Хрватска, ќе имаме натамошни заеднички цели, бидејќи тоа се работите што ја вклучуваат интеграцијата на Косово во НАТО. Ќе продолжиме да го поддржуваме Косово и нашиот народ кој живее во Косово, рече Анушиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот