Хрватска: Државниот обвинител призна дека е масон, министерот за правда бара негова оставка

Фото: МИА

Хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ изјави дека очекува брза оставка од државниот јавен обвинител Дражен Јелениќ, откако обвинителот кажа дека е член на масонска организација.

Како што јави дописникот на МИА, министерот за ова веќе разговарал со обвинителот и му пренел дека очекува сам да се повлече од функцијата. Доколку Јелениќ не се повлече, тогаш ќе реагира владата, најави Бошњаковиќ и додаде дека хрватската Влада сака ова прашање да го реши брзо.

Според министерот, членството во организации не е забрането, но членството во масонска организација претставува потенцијален ризик, бидејќи делувањето на масонските ложи е тајно.

– Не сакам да кажам дека некои одлуки се донесени под влијание на членството во таква организација, но самото членство создава потенцијален ризик – изјави министерот Бошњаковиќ.

Државниот јавен обвинител Јелениќ јавно кажа дека е масон. Тој тврди дека докторот Никица Габриќ, кој исто така бил масон, се обидел да влијае врз текот на истрагата против тројца новинари, кои наводно го уценувале, барајќи од него 200.000 куни, доколку не сака да бидат објавени фотографии од церемонија на масонската ложа не која тој припаѓал.

Под сомнение дека извршиле обид за изнудување, во петокот полицијата во Загреб уапси тројца новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот