Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ смета дека ремито со Чешка од 1:1 е праведен резултат и дека неговите играчи не заслужија да победат.
– Бевме спори и троми на почетокот, лошо игравме пресинг. Одигравме спротивно на тоа што се договоривме. Ги притискавме премногу висико и беспотребно се трошевме трчајќи кон нивниот голман. Не бевме компактини. Во вториот дел бевме подобри и 1:1 е реален резулта. Ни недостасува енергија, многу се мачиме и трчаме поединечно – изјави Далиќ кој по завршување на Евро 2020 си заминува од клупата на Хрватска.
Актуелниот светски вицешампион, по две кола на Евро 2020 има само еден бод бидејќи во првото коло загуби од Англија со 1:0. Сега „коцкестите“ доколку сакаат пласман во осминафиналето ќе мора во третото коло да ја победат Шкотска.
– Останува горчливиот вкус. Се надевавме на победа, но за жал не дојдовме до неа. Лошо влеговме во натпреварот, бевме неорганизирани. Се вративме во второто полувреме, но тоа не беше доволно, сега мора да победиме на последниот натпревар за да се пласираме во следната рунда. Мислам дека тоа е добро бидејќи така ќе покажеме дали местото ни е во нокаут фазата – изјави Лука Модриќ.