Хрват уапсен во Германија, му се заканувал на осумнаесетгодишник со нож

Фото: EPA/EFE / Filip Singer

Хрватски државјанин (29) е уапсен во близина на германскиот град Штутгарт, осомничен дека со нож се заканувал на 18-годишник. Полицијата кај уапсените пронашла неколку ножеви, како и помала количина на наркотици, пишува Феникс магазин.

„Заканата со нож се случила во петокот вечерта (08.03.2024 година) околу 18:00 часот во возот меѓу Манхајм и Штутгарт и во возот меѓу Штутгарт и Еслинген. „Според првичните информации, двајца мажи на возраст од 18 и 29 години најпрво вербално се судриле од непознати причини во воз што сообраќал на релација Манхајм-Штутгарт“, се вели во соопштението на германската полиција.

Полицијата соопшти дека мажот, 29-годишен Хрват, извадил нож од џебот и со него му се заканил на помладиот (18).

„За време на трансферот во Штутгарт, 29-годишниот хрватски државјанин очигледно го следел 18-годишникот во возот кој се упатил кон Улм. Повторени се закани со нож и навреди кон 18-годишникот“, наведуваат од полицијата.

Полициска патрола го пронашла осомничениот сторител кога возот застанал во Еслинген. При претресот, полициски службеници кај 29-годишникот пронашле помала количина на наркотици и неколку ножеви.

„Кој нож го употребил 29-годишниот во овој инцидент во моментов е предмет на истрага на полицијата во Штутгарт“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот