Хоти му порача на Вучиќ: Нема договор со Србија без признавање на Косово

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти денеска изјави дека нема да има конечен договор меѓу Косово и Србија без меѓусебно признавање.

Тој во објава на Фејсбук му одговори на српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно рече дека Србија нема да го признае Косово се додека тој е претседател.

Вучиќ рече НЕ за признавање на Косово во неговиот мандат

„Изјавите дека нашиот северен сосед нема да ја признае независноста на Косово не допринесува на дијалогот. Дијалогот е продолжен на јасните принципи на конечен договор за нормализирање на односите и взаемно признавање, а делумен договор нема да има. Ако нема взаемно признавање, нема да има ниту договор. Косово ќе продолжи на патот кон Европската унија“, кажа Хоти.

Премиерот повтори дека „нема договор со Србија без взаемно признавање“ и порача дека „Косово е посветено на решавање на сите отворени прашања со Србија низ дијалог и со посредство на ЕУ кое се одвива во Брисел“.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот