Вучиќ рече НЕ за признавање на Косово во неговиот мандат

Александар Вучиќж / Фото: Архива

Српскиот претседател, Александар Вучиќ нагласи дека нема намера да се признае Косово, додека е тој претседател.

-До април 2022. година, кога ќе бидат оддржани претседателските и парламентарни избори во Србија, Белград сигурно нема да ја признае независноста на Косово, истакна Вучиќ во специјалната емисија на Прва ТВ, одговарајќи на прашањето дали се исклучува можноста, Србија да го прифати Косово.

-По тој период, ќе одлучува народот, порача тој.

Претседателот Вучиќ посочи дека мисли дека подобро прашање е „дали се согласувате со признавање или не“ и констатираше дека одгворот би бил или да или не.

„Подобро да зборуваме за тоа кој се’ се залага за признавање или непризнавање на независноста на Косово. Тогаш одговорот би бил или да или не. До април 2022. година, кога ќе бидат изборите, тоа сигурно нема да се случи“, истакна Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот