Хоти: Косово може повторно да се изолира ако продолжи ваквиот ритам на Ковид-19

Во објава на својата страница на Фејсбук, Хоти порача дека е можно властите да бидат принудени на таков чекор, но предупреди дека тоа би имало „тешки последици” за косовската економија и за семејствата.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти предупреди денеска дека Владата, доколку продолжи актуелниот тренд на ширење на епидемијата на Ковид-19 во Косово, Владата ќе биде приморана да ги врати мерките на тоталната изолација, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Хоти порача дека е можно властите да бидат принудени на таков чекор, но предупреди дека тоа би имало „тешки последици” за косовската економија и за семејствата.

– Порастот на случаи со Ковид-19 е голем. Со овој ритам бргу ќе се блокира Инфективната клиника и тогаш нашите лекари ќе се соочат со тешки морални одлуки кому да помогнат попрво. Тие сцени ги видовме во земјите кои ја доживеаја многу тешко оваа пандемија. Не можеме да дозволиме да ни се случат такви ситуации. Доколку продолжи овој ритам, ќе бидеме принудени да ги вратиме мерките на тотална изолација, кои ќе имаат тешки последици за економијата и нашите семејства, напиша Хоти.

Тој потсети дека здравствените власти изготвија прирачник за мерките за заштита од Ковид-19, кој е обврзувачки за раководителите на јавните централни и локални институции и за сопствениците на бизниси, како што се производството, рестораните, услугите, транспортот и друго. Непочитувањето на обврските, порача косовскиот премиер, е казниво и нема да се толерира.

– Неисполнувањето на мерките го загрозува здравјето на граѓаните и, следствено на тоа, е казниво. Нема да се толерира никој кој ги прекршува тие мерки. Не можеме да страдаме како општество поради неодговорноста на носителите на институциите и бизнисите кои не ги преземаат соодветните заштитни мерки, напиша Хоти.

Во Косово последните денови е забележано зголемување на бројот на заразени од новиот коронавирус. Само во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 96 заболени, а вкупно досега, според последниот официјален извештај, има 2.590 заразени. Од нив 48 починале, додека 1.394 се излекувани, така што бројот на активни носители на вирусот изнесува 1.148.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот