Хорват: Само фокусирани и со правилен став можеме да го елиминираме Вардар!

фото: facebook.com/ihtstruga/

Вардар ќе се обиде в сабота да обезбеди нов Фајнал-фор во регионалното натпреварување и ја одбрани предноста од првиот меч во Нашице (Хрватска) против Нексе (30:31).

Реванш натпреварот од четвртфиналето во СЕХА Газпром лигата е закажан за 29 август 2020 година со почеток во 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Вардарци предводени од тренерот Стевче Алушовски ја темпираа формата и со одигрување на пријателските натпревари, а истото досега го направи и составот на Хрвоје Хорват.

Стратегот на хрватската екипа тврди дека и натаму имаат одредени проблеми со повреди кај неговите играчи, под знак прашалник е настапот на Кевиќ, сеуште се рехабилитира Томиќ, а Возаб се опорави и имаше неколку тренинзи.

Секоја екипа се бори со повреди, бидејќи се работи за една непредвидлива сезона, а кажавме уште на почетокот дека брзо треба да се прилагодиме. Со голема самодоверба одиме во Скопје и сигурен дека ќе одиграме еден прав натпревар.

Нашиот ривал и натаму е актуелен европски шампион и не треба да се трошат многу зборови за каков клуб станува збор. Во претходните години Вардар покажа и кога му е најтешко, може да биде уште поопасен. Но, и тие имаат одредени проблеми со повреди. Од нас очекувам да бидеме фокусирани на нашата игра и дека со правилен став ќе го добиеме натпревар и ќе се пласираме на Ф4 турнирот – вели тренерот Хорват.

Во редовите на Вардар поради позитивниот тест за Ковид-19 на Стојанче Стоилов, репрезентативниот пивот ќе го пропушти мечот, а во составот се враќаат Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер.

Потсетување на завршниот турнир во Задар веќе се наоѓаат екипите на Веспрем, Мешков Брест и ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот