Хороскоп за 30 јули: Кога најмалку ќе очекувате, ќе се вљубите на прв поглед

Овен
На емотивно поле, повеќето Овни ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цeлосно да се опуштат. Најмногу ќе ви годи мирна вечер со саканата личност. На професионално поле, веројатно е дека ќе преуредувате дома, а ќе „спиете“ на работното место. Како да не ви е добро на работа, како да сакате да избегате оттаму.

Бик
Сѐ уште не сте во најдобра форма, но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Не се откажувајте од своите идеали. Сѐ уште анализирате некои детали. Добро се чувствувате.

Близнаци
Ве очекува подобрување на финансиите денеска. Пред вас е позитивен ден и кога е во прашање работата. Имате потреба да ја завршите врската која извесно време се развлекува. Сте виделе и самите дека таа приказна не води никаде. Нема да го правите она што другите го очекуваат, туку она што вие го сакате.

Прочитајте и...  Хороскоп за 11 август: Очекувајте нагло зголемување на вашата популарност

Рак
Тешко ќе ја одржите концентрацијата во работните обврски и разговорите ќе ве понесуваат. Ќе мора да поставите приоритети. На љубовно поле фокусирајте се на реалноста. Не живејте во фантазии. Конечно се впуштате во некаква акција и ќе мрднете од место. Чувствувате ослободување. Внимавајте на пороците!

Лав
Кога најмалку очекувате, ќе се вљубите, и тоа на прв поглед. Ќе почувствувате толку силни чувства уште на самиот старт. Овој пат потрудете се да не ги правите истите грешки како во минатата врска. Можно е да бидете на почетокот ноншалантни во љубовта и да не ја ставате во преден план. Фокусирајте се на неа.

Девица
Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива, а партнерот ќе ви даде повод да бидете цело време покрај него, што во изминатиот период тоа не се случувало. Ќе станете поблиски од кога и да е. Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте. Имате низа прашања на кои чекате одговор.

Прочитајте и...  Поради Меган принцот Хари се скарал и со најдобриот пријател: Мислел дека принцот избрзува со венчавката (ФОТО)

Вага
На професионално поле мора да прифатите некои ограничувања, не може да ги преминете сите. Ако сте во врска, поминете квалитетно време во разговори со партнерот. Па што ако си правите планови за неизвесната иднина? Во љубовта ќе ве понесат емоциите, ќе сонувате наголемо, но некои соништа и ќе ви се остварат.

Скорпија
Размислувате да започнете некој нов проект. Имате толку многу идеи, но никако да се вклучи „сијаличката“ во вашата глава, за да ги реализирате. Побарајте помош од близок колега. Потребно е време и трпеливост. Можеби ќе бидете придружени со поголема доза на осаменост и желба за нова љубов.

Стрелец
Денес е вашиот голем ден. Сите нешта ќе бидат под ваша контрола, ќе уживате во работата и ќе бидете мошне фокусирани. Вашата мудрост ќе ви помогне да донесете важни одлуки. Она што сте го инвестирале во минатото, конечно ќе ви донесе добра заработувачка. Ќе добиете некоја награда која одамна сте ја посакувале.

Јарец
Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Ве очекува важен состанок на кој на некој начин ќе се одлучува околу вашата иднина. Можно е да ви се допаѓа некоја помлада личност. Ќе пробате да ѝ ставите до знаење дека сакате врска.

Прочитајте и...  13 вредни совети од доктор Фаучи како да ја избегнете заразата со ковид-19

Водолија
Денес ќе биде особено енергичен ден за вас. Ќе бидете полни со самодоверба да ги претставите вашите идеи пред вашите колеги и соработници. Ако имате некој спор околу делење имот помеѓу вашите роднини, ќе биде решен во најбрз можен рок. Тука ќе ви прискокне напомош личност за која не сте ни сонувале дека ќе ви помогне!

Риби
Се чувствувате поосамени од кога и да било. Во моментот имате само една желба. Сакате да ја пронајдете личноста што е соодветна за вас и со кого можете да изградите сериозна и стабилна врска. Ако сте во врска, ќе наидете на силна негативност од страна на партнерот, дури и на вербална агресија насочена кон вас.

Прочитај повеќе

Неда Украден на 70 години се соблече во бикини и ги воодушеви сите! (ФОТО)

Васко Спасоски

„Сакаа Арчи да го одгледувам како сноб“ – Британците никогаш нема да и простат на Меган за тајното крстење на Арчи

Слободен печат

Погледнете зошто Кристијано Роналдо вели дека неговата жена е најубава во светот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Премиера на четвртата сезона на серијата „Fargo“ оваа есен: Дали мафијашките семејства ќе успеат да воспостават примирје? (ВИДЕО)

Слободен печат

Наум Петрески улови крап голем скоро колку него! (ФОТО)

Васко Спасоски

Крајот на кралот на комедијата: Вака изгледале последните денови на Робин Вилијамс (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Гитарата на Џими Хендрикс продадена на аукција за 216.000 долари

Слободен печат

Градник нема, а доле носи танга-гаќички: Манекенката се врати на позирањето! (ФОТО)

Васко Спасоски

Со години ја криеја од јавноста – Ќерката на Моника Белучи „се заканува“ да биде поголема убавица и од мајка си! (ФОТО)

Слободен печат

Снаата на Лепа Брена за првпат објави толку жешка фотка: Александра Пријовиќ се заврте со грб кон камерата! (ФОТО)

Васко Спасоски

Како од отпад да направите супер корисни работи: 18 генијални идеи! (ВИДЕО)

Слободен печат

На кого Александар Тарабунов вели: „Дај ми“? (ВИДЕО)

Васко Спасоски