Ви препорачуваме
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Холандија ќе го блокира приемот на Бугарија во шенген-зоната

Следната недела, Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на шенген-зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија, објави холандската државна телевизија.
Владата на денешната седница одлучила дека Бугарија сѐ уште не ги исполнува условите за влез во шенген-зоната.
Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра по состанокот изјави дека се уште е „прерано” да се постигне согласност за пристапување на Бугарија. Според него, Холандија може да го преиспита прашањето само кога ќе стане јасно дека Бугарија има ефективно владеење на правото и држава способна да се справи со корупцијата и организираниот криминал.
„Проширувањето на Шенген зоната со трите земји е вклучено во агендата на состанокот на министрите за внатрешни работи и за правда од Европската Унија на 8 декември. Повеќето земји веќе ја донесоа својата одлука. На состанокот министрите мора да постигнат едногласен договор за прием на нови земји. Така, дури и Холандија да е единствената што ќе гласа против, Бугарија нема да добие дозвола за приклучување“, забележуваат медиумот.
Холандскиот премиер Марк Руте на денешната прес-конференција изјави дека одлуката да не се поддржи влезот на Бугарија во Шенген не е политичка, туку се заснова на факти. Според него, Холандија не е единствената земја која има сомнежи во врска со ова прашање.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
7мин
-
39мин
-
54мин
-
56мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5