Херојот на годината со Даунов синдром на праг од нов успех: Цако ќе дипломира на Филолошки

Фото Фејсбук

Александар Митовски-Цако беше прогласен за херој на годината по успехот во студиотo за танчери „Dancers United MK“.

Цако покрај танцувањето е творец на поезија, има своја радио емисија во која е водител и секако борец за човековите права.

На крајот на минатата година тој ја раскажа неговата приказна, а утре ќе оствари нов успех.

Цако, кој има Даунов синдром е вистински пример дека и покрај очигледнтие проблеми со здравјето, доколку нешто се сака навистина може да се постигне.

Тој утре ќе ја брани својата дипломска работа на Педагошкиот факултет во Скопје.

„Утре, на 27.09.2019 година, во 12 часот, на Педагошкиот факултет во Скопје, Цако ќе ја брани својата дипломска работа. Одбраната е јавна и кој е во можност да присуствува нека повели“ – објавија на фан страната на Цако на Фејсбук.

Утре, на 27.09.2019 година, во 12 часот, на Педагошкиот факултет во Скопје, Цако ќе ја брани својата дипломска работа. Одбраната е јавна и кој е во можност да присуствува, нека повели.

Publiée par Jас сум Цако – I am Cako sur Jeudi 26 septembre 2019

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот