Хемпе ќе дебитира за Македонија против Белгија во квалификациите за ЕП

Мерит Хемпе (лево) треба да биде најголемо засилување во евро-квалификациите/фото: kfsm.mk

Мерит Хемпе треба да биде најголемото засилување на подмладената женска кошаркарска селекција на Македонија во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“ од евро-квалификациите. Во дресот на нашата сениорска репрезентација, пред која се следните предизвици, дуелите со селекциите на Белгија и на Германија.

Силната Американка, сега и со македонски пасош, е од првиот тренинг со своите нови репрезентативни колешки. И во овие неколку дена создаде своја „слика“ за оваа, за неа сосема нова ситуација. Освен играњето на евролигашко, да се обиде да го пренесе својот играчки квалитет и на она репрезентативно ниво.

– Моите први впечатоци се добри, ми се допаѓа тимот и како ме пречекаа и ме примија сите. Уживам во времето, а очекувањата се да се вклопам во тимот и да помогнам што е можно повеќе, без разлика на мојата позиција. Сакам да се игра силно и физички, да помогнам за подобри резултати. Лесно се најдов себеси овде и среќна сум што сум тука – вели Хемпе за оние свои првични импресии по доаѓањето од Прага во Скопје.

Официјалното деби Хемпе ќе го има утре навечер, во Ловен, каде од 20.30 часот, (пренос на Sportklub 3 HD) Македонија ќе гостува кај силната Белгија. Нашиот адут во рекетот е запозната со квалитите на белгискиот национален тим. Дури и познава неколку нивни кошаркарки со кои имала прилика да игра во изминатиот период.

– Можам да кажам дека навистина ми се допаѓа Македонија, и сакам да изразам благодарност за можноста да бидам овде. Ќе дебитирам против Белгија, ќе се обидам да возвратам со добра партија во текот на сите 40 минути, и се надевам дека ќе бидеме компетитивни. Пријателка сум со Антониа Делар, играв со неа во претходната година. Исто така и со Серене-Лин Гелдоф. Ќе биде убаво што пак ќе ги видам, но и да се натпреварувам – вели Хемпе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот