Хеликоптерот на Вучиќ во страшно невреме, а тој смирено: Не се плашам, летам веќе седум години

Хеликоптерот во кој се наоѓа претседателот влетал во драматични временски услови, односно силен дожд и магла.

Хеликоптерот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ нагло го променил правецот на движење, како што дознава екипа на Ало.рс кои се наоѓаат со него.

Според информациите при лошите временски услови, пилотот бил приморан нагло да го промени правецот на движење.

Леталото во кое се наоѓа претседателот влетал во драматични временски услови, односно силен дожд и магла, по што пилотот на хеликоптерот нагло го променил правецот на хеликоптерот помеѓу Мркоњиќ Град и Долни Вакуф.

Новинарката која била на летот го прашала Вучиќ дали се плаши, а тој во изјава за Ало.рс рекол дека се ќе биде во ред.

– Не се плашам, летам веќе седум години. Немам страв од летање. Пилотот ја испочитува нормалната процедура кога се лета во лоши временски услови. Се ќе биде во ред – рекол Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот