Харис Џиновиќ првпат проговори за распадот на бракот: Измамениот сопруг последен дознава

Фото: Инстаграм

Веста за разводот на пејачот Харис Џиновиќ и неговата 30 години помлада сопруга, модната дизајнерка Мелина Џиновиќ ја изненади јавноста во регионот. Иако речиси сите медиуми пишуваа за крајот на нивната љубов, парот до сега молчеше за ситуацијата.

Но, сега Харис за првпат пред камерите на „Ин Магазин“ откри што го предизвикало распадот на нивниот брак.

„Таа ја знае причината, ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично изневерениот сопруг последен дознава“, со овие зборови Харис Џиновиќ го прекина медиумскиот молк.

„Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Малку би го негирал тоа. Ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, нема да бидам ни јас со тебе“, додал Харис.

Во овој момент, како и секој татко, и Харис најмногу размислува за децата.

„Прилично се големи, не им беше лесно, велат“, објаснил тој.

Инаку, Харис ја запознал Мелина во 2003 година. Откако ја видел во кафуле во родното Сараево, не се смирил додека не го добил нејзиниот телефонски број. Се венчале по 11 години заедно во Дубровник на спектакуларна едрилица долга 88 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот