Харден си заминува од Бруклин, сака да игра само за еден клуб

Џејмс Харден/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Вечерва завршува рокот до кој НБА клубовите можат да прават размени на кошаркари, а главна тема во медиумите во САД и судбината на Џејмс Харден.

Ѕвездата на Бруклин нетс, Џејмс Харден, не е задоволен од својот статус во екипата и во последните неколку дена бара од раководството да го разменат и во предвид доаѓа само еден тим, Филаделфија сиксерс.

Бруклин веќе достави една понуда до Филаделфија но беше експресно одбиена бидејќи бараше премногу. Челниците на Бруклин за да го испратат Харден во Филаделфија ги побараа Бен Симонс, Сет Кари, Матис Тубил и Андре Драмонд.

Харден и понатаму врши притисок врз управата на Бруклин да го размени уште сега бидејќи на лето дефитинивно си заминува. Имено, договорот на Харден истекува на крајот од сезонава и ол стар бекот нема намера да преговара до Бруклин за нов договор.

Харден ги пропушти последните неколку натпревари на Брулин поради повреда на ногата, но медиумите во САД се сомневаат дека кошаркарот со тоа врши притисок што побрзо да биде разменет.

Покрај Харден, до крајот на рокот кој завршува во 21 часот по средноевропско време, блиску до размена е и Расел Вестбрук од ЛА Лејкерс кој би можел да заврши во Њујорк никс, Хјустон рокетс или Орландо меџик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот