Харден се пофали дека летово ослабел 45 килограми

Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

На стартот од подготовките за новата сезона во НБА лигата, главна ѕвезда беше кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Џејмс Харден кој пред новинарите се појави значително послаб од минатата сезона и потоа ги шокира сите со неговата изјава.

– Од завршувањето на минатата сезона и за време на летото ослабен 45 килограми – изјави Харден.

Во моментите кога Харден ја изговори оваа реченица, неговиот соиграч Џоел Ембид прсна од смеа.

Новинарите го прашаа Харден дали е сериозен или само се шегува, но тој повторно им даде мистериозен одговор.

– Последните година и половина навистина не бев доволно добар за да ја работам работата на која сум навикнат.

Џејмс Харден е висок 196 сантиметри и е тежок околу 100 килограми. Тој целото лето го помина на специјална исхрана и доби на мускулна маса што би требало да му помогне да биде побрз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот