Харадинај во Хаг, а еве Тачи од каде го покажа прстот (ФОТО)

Клан Косова

Поминаа неколку дена откако Косово остана без влада поради оставката на Рамуш Харадинај.
Од петокот, кога Харадинај го направи овој чин, јавноста е опфатена со дискусиите околу можноста за одржување на вонредни избори на Косово.

Единствената личност која може да зборува за одредување на датумот за изборите врз основа на законите и Уставот е косовскиот претседател Хашим Тачи.

Но, тој сите овие денови „молчи” и не се појави во ниту еден јавен настап – освен статусите во својот профил на Фејсбук, јавува Клан Косова.

Според истиот медиум додека сите партии се дигнати на нозе и бараат избори и средба со првиот човек на државата за да разговараат за овој процес, тој одлучи да се „релаксира”, излегол на планина и ужива во природата со неговите соработници.

Но, интересно во ова појавување е симболичниот гест на Тачи, со што тој изгледа не ја заборавил неговата поранешна партија.

На фотографијата објавена од неговиот советник, Исмаил Сила, Тачи заедно со него и со другиот советник, Беким Чолаку се гледа како го прават симболот „со прстот” – симбол кој веќе е дел од Тачи и неговите некогашни изборни кампањи, пренесува Клан Косово.

Инаку минатата недела Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка од функцијата премиер на Косово, поради поканата што ја доби од Специјалниот суд во Хаг. Харадинај, вчера во Специјалниот суд во Хаг, каде што отиде со покана како осомничен, се бранеше со молчење.

По распитот, Харадинај најави дека веднаш по враќањето во Косово ќе се вклучи во политичкиот живот.

– Се враќам, како и сите други во политиката, за да се доближам до граѓаните, со тие теми кои се во интерес на граѓаните. Подготвен сум за се. Било да не повика собранискиот спикер за распуштање на парламентот или претседателот на државата за одредување датум за избори. Развојот на настаните не е едноставен, бев принуден да дадам оставка, да одиме на избори. За среќа состојбата во Косово е стабилна –  изјави Харадинај.

Радио слободна Европа
Клан Косова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот