Харадинај: Косовските институции не смеат да бидат рамнодушни на хашкото обвинение против лидерите на ОВК

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на Алијанса за иднина на Косово (АБК), Рамуш Харадинај порача дека косовските институции не смеат да бидат рамнодушни на фактот дека е покренато обвинение против лидерите на ОВК во Хаг, пренесува „Репортери“.

Тој го критикуваше коалицискиот партнер, актуелниот премиер Авдулах Хоти, велејќи дека не треба да држи предавања за тоа дали да се меша во правдата, туку треба да ја „факторизира позицијата на Косово по неодамнешните настани”.

Во однос на прашањето на претседателот, Харадинај повторно стави до знаење дека ако не се постигне единство во политичките партии по ова прашање, Косово ќе излезе на избори.

– ДСК и ние пристапивме да преземаме одговорности во ова тешко време. Добро е да има разбирање од другите, не само од владејачките партнери, туку и од „Самоопределување“ или ДПК, ако не, тогаш одиме на избори, рече Харадинај, пренесува „Косово онлајн“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот